Првични проекции од изборите во Црна Гора: Власта има 40, а опозицијата 41 мандат

553

Центарот за мониторинг и истражување ги објави првите проекции на резултатите од парламентарните избори во Црна Гора. Врз основа на 82 отсто од обработените резултати, СЕМИ објави дека ДПС-Решително за Црна Гора на Мило Ѓукановиќ – освоила 34,9 отсто , а опозициската Коалиција за иднината на Црна Гора – 32,7 проценти од гласовите.

Коалицијата „Мирот е нашата нација“ има 12,6 проценти (10 места), „Црно-бело“ – 5,6 проценти (4 места), „Бошњачка партија – 4,2 проценти (3 места), Социјадемократите – 3.1, СДП -Силна Црна Гора 3 отсто, Албанската коалиција Едногласно – 1.1 отсто, Албанската листа 1.4 отсто.

Избирачките места се отворија во 7 часот, а се затворени во 20 часот.


Рекорден одѕив на изборите во Црна Гора

Гласачките места во Црна Гора беа затворени во 20 часот, а право на глас на парламентарните избори имаа 540.026 граѓани. Во Црна Гора има 1.217 избирачки места кое беа отворени во 7 часот изутринава.

На парламентарните избори во Црна Гора, кои се одржаа денес, 409.880 граѓани го искористија правото на глас, односно 75,9 отсто од вкупниот број гласачи, објави ЦДТ.

На парламентарните избори во 2016 година излезноста до 20 часот беше 73,4 проценти, а во 2012 година 70,6 отсто.