Почнува изборната кампања во Хрватска

57

Кампањата за претседателските избори во Хрватска официјално почнува денеска, откако Државната изборна комисија го објави списокот со кандидати напладне.

Претседателските избори во Хрватска се закажани за 22 декември.

Потписи за поддршка поднеле 12 кандидати, а кандидатурата на Слободан Миџиќ нема да биде потврдена бидејќи поднел само еден потпис на поддршка до ДИК.

Останатите кандидати се Колинда Грабар-Китаровиќ, Зоран Милановиќ, Мирослав Шкоро, Мислав Колакушиќ, Катарина Пеовиќ, Далија Орешковиќ, Дејан Ковач, Иван Пернар, Дарио Јуричан (Милан Бандиќ), Анто Џапиќ и Недељко Бабиќ, пишува „Јутарњи лист“ од Загреб.

Иако кампањата официјално почнува денес, таа практично трае од летово, а според загрепскиот весник, најмногу пари за тоа потрошиле сегашната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, потоа Мирослав Шкоро и Зоран Милановиќ.