Поскапуваат недвижностите во Атина и во Солун

217

Во 2018 година имаше најголемо поскапување на објектите за домување во Грција. Просечниот пораст за старите станови, изградени пред пет години, изнесува девет отсто, а порастот на цените за новоградбите е околу седум отсто.

Во регионот на Атина поскапувањето на недвижностите изнесува 6,9 отсто. Старите станови поскапеа за 11 отсто, а новоградбите за 8,1 отсто. Во главниот град на Грција најголемо зголемување на цените има во квартовите што се познати по тоа што се изнајмуваат станови за лица со привремено вработување. Во населбата Хукаки просечните цени на старите станови се зголемиле од 1.400 на 2.150 евра по квадратен метар, или за 55 отсто. Уште поголем е порастот во Колонаки – од 2.250 на 3.617 евра, а во реонот на Вула од 2.700 на 3.700 евра за квадратен метар.

На пазарот за недвижности во Солун, исто така, има големо зголемување на цените на куќите, за што постои голема побарувачка. Цените за становите последните пет години се зголемија речиси за 8 отсто. Становите во Солун главно се купуваат за изнајмување.