Поранешниот албански министер за внатрешни ослободен од обвиненијата за шверц на дрога

57

Албанскиот суд ги отфрли обвиненијата за трговија со дрога против поранешниот министер за внатрешни работи Саимир Тахири, но го осуди на три години условна казна за злоупотреба на службената положба.

Обвинителите бараа 12-годишна затворска каза за Тахири, кој е еден од најблиските соработници на премиерот Еди Рама, за корупција, трговија со дрога и вмешаност во криминална група.

Пресудата доаѓа еден месец пред земјите членки на Европската Унија да се сретнат за да одлучат дали ќе го поддржат почнувањето преговори за членство на Албанија во блокот.

-Судот рече дека не сум криминалец ниту шверцер со дрога и не сум дел од криминална група, но ме прогласи за виновен за злоупотреба на службената должност затоа што користев ист автомобил со некои братучеди, изјави Тахири пред новинарите по пресудата, која беше изречена шест часа подоцна од предвиденото.

Случајот против поранешниот министер беше отворен откако записите од телефонски разговори на трговци со дрога, уапсени во Италија, наводно, сугерирале дека Тахири, нивни далечен братучед, го потпомогнал нивниот криминал.

Владејачките социјалистички пратеници ги отфрлија повиците за укинување на имунитетот на Тахири, но тој самиот го повлече во мај, откако државите на ЕУ побараа од Тирана да направи сериозни напори да се бори против корупцијата, доколку сака да влезе во унијата.