Поплави ширум Србија, евакуација во некои делови од земјата

282

Пороен дожд погоди повеќе делови на Србија, предизвикувајќи поплави и проблеми во сообраќајот, а под вода биле и неколку сообраќајници во Белград.

Големо невреме со силен ветер и дожд ја погоди Суботица, а како што соопштија локалните медиуми, во тој град многу улици се поплавени, сообраќајот е забавен, а има и искорнати дрвја. Едно лице е полесно повредено во невремето.

Сообраќајот на Ибарска магистрала, во близина на Степојевац, речиси е целосно блокиран бидејќи поради надојдената вода таму е формирано буквално езеро. Досега во Степојевац се евакуирани 30 луѓе, а во прекин е и електричната енергија.

Во некои делови од земјата, кои се зафатени од невремето, надојдената вода однела неколку автомобили, а луѓето биле принудени да бегаат од возилата.

Спасувачки екипи со чамци итно се испратени во поплавените подрачја.

Пороен дожд го зафати и Нови Сад, предизвикувајќи големи проблеми, а надлежните служби се наоѓаат на терен.