Поплави во Србија, вонредна состојба во четири општини

239

Поради обилните врнежи од дожд, водостоите на реките во западна Србија се зголемуваат, а некаде се излеале од коритата.

Како што јавуваат српските медиуми, во попладневните часови се излеала реката Јадар во близина на Осечина при што се поплавиле околу 150 куќи и неколку земјоделски објекти.
Прогласена е вонредна состојба во Осечина, Крупањ, Лозница и Љубовија каде е најкритично. Сообраќајот на неколку регионални патишта е во прекин.
– Претставници на локалната самоуправа и Општинскиот штаб за вонредни ситуации ги следат настаните на терен и се подготвени да реагираат во случај на потреба од евакуација на населението – соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.