Поморец си ја убил сопругата и тестот, ја ранил тештата, а потоа се самоубил

538

Тројца мртви и еден ранет се пронајдени во стан во стариот дел на Дубровник. Полицијата примила повик во 6.50 часот изутринава дека во станот има три безживотни тела. Едно лице е рането и веднаш е пренесено во болница, пренесува „Слободна Далмација“.

Според неофицијални информации, наводно станува збор за семејството на дубровнички поморец кој, од засега неутврдени причини, ја убуил сопругата, нејзиниот татко, а потоа ја ранил и мајка и, за на крајот да изврши самоубиство.

Според хрватските медиуми, станува збор за лице кое претходно било осудувано.

Ранетата е 74-годишна жена која има прострелна рана на ногата, а според првите луѓе на дубровничката биолница, таа е надвор од животна опасност.

Полицијата врши увид.