Половина од Бугарите купуваат носена облека

149

Бугарија

Бугарите купуваат нешто ново за својата гардероба при промена на секоја сезона и околу 40 отсто купуваат облека и еднаш месечно или почесто. Најчесто Бугарите трошат од 21 до 50 лева месечно за облека, додека буџетот за облека се намалува со зголемувањето на возраста, покажало социолошкото истражување на агенцијата „Естат“.

Над 75 отсто од Бугарите често купуваат во трговски центри, додека 60 отсто од Бугарите до 50-годишна возраст се подновуваат преку онлајн-продавници, кои добиваат сѐ повеќе и повеќе популарност. Само 12 отсто од испитаниците често ја купуваат облеката надвор од пазарите, а 28 отсто понекогаш посетуваат тезги.
Продавниците за носена облека стануваат сè попопуларни меѓу Бугарите. Лани 50 отсто од нив барем еднаш купиле облека од продавници или онлајн-продажба за половна облека – вели Јоана Ангелов од „Естат“ за „Монитор“.
Процентот на купувачи, кои понекогаш се подновуваат со носена облека е сличен низ целата земја, со исклучок на градот Софија каде што потрошувачката е за осум проценти пониска.

Најчесто купувачите на носена облека се постари од 40 години. Половина од купувачите во продавници за облека трошат до 20 лева месечно. Ниските цени се главен мотив за посетување на овие продавници. Сепак, за над 30 проценти од купувачите, причината лежи во квалитетот, сортата и брендираните стоки што се нудат.
За жителите на Софија, таквите продавници и чаршии се места за квалитетна, брендирана и разновидна облека.

Околу две третини од Бугарите им подаруваат облека на блиски и познати, а не се малку оние од нив (37 проценти) што ја оставаат облеката и до контејнерите за отпад – практика што со времето се вкорени во бугарското општество. Мажите, многу почесто од жените, ја чуваат својата стара облека дома, дури и ако немаат намера да ја носат.