Полицијата заплени 20 тони хашиш

66

Црна Гора

Во заедничка операција на црногорската полиција и Американската агенција за борба против наркотици (ДЕА), минатата недела биле запленети 20 тони хашиш, со вредност од 65 милиони евра на црниот пазар, соопшти висок претставник на црногорската полиција Енис Баковиќ.

Тој прецизира дека на 2 август во водите на Италија бил запрен бродот „Ремус“, кој пловел под знамето на Панама, поради сомнение дека шверцувал хашиш, а чиј екипаж бил составен од 11 црногорски државјани, кои се уапсени.

Бродот испловил од малото црногорско пристаниште Зеленика кај Херцег Нови и се упатил кон Мароко, каде што се претпоставува дека ја натоварил дрогата, јави РТЦГ.
Црногорската полиција, во соработка со ДЕА, го следела бродот при враќањето, а кога им се придружила италијанската полиција, пловилото со 20 тони хашиш било запрено во меѓународните води.