Пожар во луксузен хотел во Атина, има повредени

91

Најмалку три лица се повредени во пожар што изби во еден луксузен хотел во главниот град на Грција. Локалните власти соопштија дека пожарникарите евакуирале вкупно 20 луѓе од хотелот.

Пожарникарите користеле скали за да помогнат во евакуацијата на зградата.

Како што се наведува, не е познато која е причината за пожарот, како ни колку луѓе имало во хотелот во моментот на избивањето.

Пожарникарската служба соопшти дека 35 пожарникари, со 12 возила, успеале огнот да го стават под делумна контрола.

Чадот можел да се види на повисоките катови на хотелот, а пожарникарите успешно ги евакуирале гостите и вработените.