Пожарот на сплав во Белград е локализиран

40

Локализиран е пожарот што го зафати сплавот „Цунами“ на крајбрежјето на Сава во Белград. Пожарникарите ја завршија интевенцијата во која учествуваа 31 припадник на противпожарната служба.

Според српското Министерство за внатрешни работи, немало експлозија пред да избие пожарот, како што тоа го јавија српските медиуми.

Во огнената стихија нема повредени, а причинета е само материјална штета. Според извештаите на социјалните мрежи, пожарот се проширил и на околните објекти.