Поделба на Косово и на Србија под руско влијание

676

Косовското прашање да биде решено на начин на кој Русија би добила можност за влијание врз српската политика. САД не се премногу загрижени за квалитетот на конечното решение во однос на Косово, нивната главна цел е само да се дојде до него, дециден е Тимоти Лес, поранешен британски дипломат

Доколку Вашингтон има намера да ги ослабне врските меѓу Русија и Србија, „ќе мора да предложи толку добар договор за Косово, што Србија нема да може да го одбие“, изјави поранешниот британски дипломат за балканска проблематика Тимоти Лес.
Во изјавата тој нагласи дека неутрализацијата на руското влијание врз Балканот претставува еден од поважните приоритети на американската политика.

– Ова може да се постигне само ако косовското прашање биде решено на начин преку кој Русија ќе добие можност за влијание врз српската политика. САД не се премногу загрижени за квалитетот на конечното решение во однос на Косово, нивната главна цел е само да се дојде до него – коментира Лес.

Наедно тој истакна дека Русија веќе ја поддржува идејата за поделба на Косово. – Москва е свесна дека нема моќ да ги контролира преговорите за идниот статус на Косово, па оттука, таа е фокусирана на „тргување“ со американските посредници за да се дојде до решение што би било во интерес на Русија, каде што крајна цел би била да се оформи „проширена“ српска држава, која е зависна од руската. Ова е многу важно за Русија, со оглед на фактот дека таа сака да ја ограничи американската моќ на Балканот. Русите добро знаат дека Американците ја спонзорираат идејата за една голема албанска национална држава – изјави Лес.

Тој смета дека, по сѐ изгледа, САД ќе ја преземат водечката улога во преговорите помеѓу Белград и Приштина.

– Тие ќе се оддалечат од српската идеја за корекција на границите, но откако Вучиќ и Тачи ќе го стават на маса предлогот за поделба на територии, во замена за меѓусебно признавање, САД секако ќе бидат подготвени да го стават на разгледување и преработка – заклучува Тимоти Лес.