Подгорица бара помош од НАТО за справување со заразата

85

Црна гора

Во Црна Гора се забележани шест нови случаи на коронавирус, а досега има регистрирано 91 заболено лице. Под здравствено-санитарен надзор се наоѓаат 6.278 лица, соопштија од Институтот за јавно здравје. Во изолација се наоѓаат и деведесетина војници на армијата на Црна Гора, кои биле во контакт со лица од загрозените подрачја во земјата. Заради подобро организирање на здравствената заштита, Црна Гора побара маски, нараквици, респиратори и други заштитни и медицински средства од НАТО за справување со коронавирусот.
Според медиуми од Подгорица, барањето испратено до Евроатлантскиот центар за координација за реагирање на катастрофи (ЕАДРЦЦ), кој претставува цивилен механизам за одговор при вонредни ситуации.

Во молбата објавена на веб-страницата на Алијансата, испратена до сите членки на НАТО и земјите-партнери, Црна Гора бара помош за повеќе од 5,6 милиони хируршки маски, околу половина милион маски со филтри П2 и П3, околу 6,5 милиони ракавици, околу 250.000 очила и стакло, над 336.000 хируршки мантили и уште 100.000 водоотпорни престилки, милион хируршки капи. Исто така, се бараат и 320 респиратори, 20 бронхоскопи, 40 ларингоскопи, 20 апсорбери, 50 ЕКГ, два дефибрилатора.