Пленковиќ: Хрватска ги штити границите од незаконски влегувања

441

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави по повод ситуацијата на границата со БиХ, каде околу 200 мигранти се обидуваат за влезат во Хрватска, дека државата ќе ја штити границата од незаконски влегувања и имиграција.

– Станува збор за граничниот премин Маљевац каде се засилени пограничната полиција и испратени се единици на специјалната полиција – изјави Пленковиќ.

Тој нагласи дека Хрватска како и досега, ќе ја штити својата граница од „незаконски влегувања и имиграција почитувајќи ги сите елементи на гранично право, хуманитарно право и меѓународното право“.

Министетрот за внатрешни работи Давор Божиновиќ изјави дека немало влегувања на хрватската полиција на територија на БиХ, „ниту за тоа има потреба“.

Граничниот премин Маљевац е затворен за сообраќај поради големи групи странски мигранти – околу 250 – кои се на мост во непосредна близина на граничниот премин меѓу БиХ и Хрватска. На граничниот премин се и 50 припадници на хрватската специјална полиција и областа ја надлетува полициски хеликоптер.