Пет турски генерали поднесоа оставка

446

Пет турски генерали поднеле оставка во пресрет на одржувањето на воениот совет на почетокот на месецов, објави опозицискиот весник „Џумхуриет“.

Турскиот воен совет, кој го претстави претседателот Реџеп Тајип Ердоган, се состана на први август за да расправа за унапредувања и смена на високо рангирани припадници на војската.

Петмина генерали поднесоа оставки поради одлуката на Советот, што пензионирани воени офицери го протумачиле како обид за намалување на турската армија, наведува „Џумхуриет“.

Двајца од тие генерали биле задолжени за Идлиб во Сирија, каде Турција е воено присутна.

Турското министерство за одбрана не се огласи со коментар.