Пет турски војници убиени во судир со сириската армија

217

Пет турски војници загинале, а уште пет се повредени во гранатирањето на набљудувачница во сириски Идлиб, соопшти телевизијата НТВ повикувајќи се на турското Министерство за одбрана.

– Пет наши војници загинаа, а пет се повредени во гранатирањето од страна на сирискиот режим во подрачјето на Идлиб – соопштија од турското министрство.

Неименуван турски официјален претставник изјави за „Ројтерс“ дека силите на сириската влада нападнале турски воен пункт во областа Тафтаназ во Идлиб, по што турската војска возвратила на огнот.

Пред една недела, пет турски војници и тројца цивили беа убиени откако сириските владини сили гранатираа турско набљудувачко место во Идлиб.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека 76 сириски војници биле жртва на одмаздата на Турција. Тој исто така рече дека побарал од рускиот претседател Владимир Путин да му објасни на Дамаск дека сириската армија треба да престане со својата офанзива во Идлиб и да се повлече од набљудувачките места на Турција.