Петрич: Поддржувам организирање на „Дејтон 2“

89

Можам да замислам формат сличен на Дејтон и се залагам во целата работа да се вклучи и Русија, оценува Волфганг Петрич, австриски дипломат и поранешен специјален пратеник на Европската унија(ЕУ) за Косово.

– Така еднаш за секогаш ќе се расчисти постјугословенската ситуација и ќе можеме да се фокусираме на виталните политички и економски прашања и иднината на ЕУ – смета Петрич.

Тој за „Данас“ рече дека смета оти септемврискиот состанок во Брисел меѓу Вучиќ и Тачи ќе биде клучен и дека искрено се надева оти во скоро време ќе биде постигнат договор.