Пацоли: Никогаш нема да разговараме за размена на територии со Србија

370

Шефот на косовската дипломатија Беџет Пацоли изјави дека Приштина никогаш нема да разговара со Белград за можна размена на територии.

– Косово не (разговарало), ниту некогаш ќе разговара со Србија за размена на територии или за идеи за поделба кои остануваат во мислите на политичарите во Белград од 90-тите години – напиша Пацоли на Твитер.

Тој ги повика политичарите, како што напиша, „на маса да се разговара за правни обврзувачки договори за нормализација на соработката и меѓусебно признавање“, наведува РТК2 на српски јазик.