Пари или вистина за непризнавање на Косово!

275
Беџет Пацоли

Косовскиот министер за надворешни работи тврди дека има сознанија оти Белград ветувал финансиска и помош во оружје во замена за повлекување на признавањето на косовската независност.

– Она што јас го дознав е дека некои помали и посиромашни држави „паѓаат“ на таквите ветувања – рече Беџет Пацоли, а тоа го пренесе приштинскиот „Бота сот“.
Пацоли го изјави ова по посетата во Белград на претседателот на државата Палау, Томи Ременгес, кој потврди дека неговата земја одлучила да ја суспендира одлуката за признавање на косовската независност до завршување на дијалогот.

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави за белградски „Блиц“ дека вистината е единственото оружје што го користи Србија за да ги увери другите земји да го повлечат признавањето на Косово, изјави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Дачиќ го изјави ова како одговор на косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли, кој кажа дека има сознанија оти Белград им ветува финансиска помош и оружје на мали африкански земји во замена за повлекување на признавањето на косовската независност.


Привремена суспензија на царините за Србија?

Шефот на кабинетот на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, Авни Ариф, во интервју за КТВ рекол дека Владата би можела привремено да ги суспендира таксите од 100 отсто за производите од Србија и од Босна и Херцеговина на ограничен период.
Во тој интервал Косово и Србија интензивно би работеле на постигнување конечно решение, пренесува „Спутник“.
– Ако постои сериозна подготвеност за разговори, тие би можеле да се планираат од 1 до 28 февруари. Во тој период би можеле да ги суспендираме таксите – рекол Ариф.
Говорејќи за завчерашниот состанок меѓу претседателот на косовското собрание и премиерот Харадинај со американскиот амбасадор во Приштина, Ариф рекол дека средбата била конструктивна и оти нема ултиматум од страна на САД за укинување на воведените такси.