Панорама

36

Љубљана – Словенечкиот министер за одбрана Карл Ерјавец најави дека ќе се повлече од функцијата откако претрпе пораз на изборите за претседател на Демократската партија на пензионерите, со која раководеше 16 години. На вонреден конгрес на ДЕСУС, актуелната министерка за земјоделство Александра Пивец доби 145 гласа, а за Ерјавец се изјасниле 80 делегати. Ерјавец додаде дека ќе се повлече од функцијата набргу, односно по консултациите со словенечкиот премиер Марјан Шарец. Претходно, на состанок во Министерството, Ерјавец донесе одлука за повлекување на словенечките војници од Ирак, без да го повика и да се консултира со премиерот Шарец. („Дневник“)

Белград – Владата на Србија донесе уредба со важност до 30 април годинава за увоз на пченица по барање на српските мелничари и кондитори. Тие увозот на пченица го образложија со тоа дека домашната пченица не е доволно квалитетна за нивните потреби. („Дневник“)

Пула – Цените на недвижностите во Истра се превисоки за просечниот граѓанин, а цената на квадратен станбен простор во Пула е повисока од вредноста на монтажна куќа со двор. Зголемениот интерес за монтажни објекти е проследен и со полесното одобрување банкарски кредити. Во приморските градови на Истра е потешко да се најде квалитетен стан под две илјади евра за еден квадрат. (РТЛ)


Бисер балкански

Несвесно нокаутирање!

– Зошто сите нелегални продавачи како оправдување го користат тоа дека со нив е болно дете? За девет години во полиција многупати сум го слушнала тоа. Второто прашање е зошто се однесуваат дрско? Пазарите се преполни со нелегални продавачи на половна стока. Знаат дека ќе се појавиме и можат да се тргнат од пазарот. Не е вистина дека комуналната инспекција се заканува. Неа ја знаеме многу добро. Таа секогаш прави проблеми и вели дека никој не ѝ може ништо. Сакам да ми одговори зошто со себе го води малолетното и болно дете додека работи нешто нелегално – вели полицајката Марија, колешка на комунална инспекторка во Белград, која беше нокаутирана од уличната продавачка Садија Дурмиши, на која ѝ се заканува казна од 12 години затвор за напад на полициски службеник.
Дурмиши на гостувањето во утринска програма на една телевизија својата постапка ја правдаше со тоа дека комуналната инспекторка сакала да ѝ ја земе стоката и дека несвесно ја удрила и нокаутирала.