Панорама

41

Сараево – Пратеникот на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, во Сараево изјави дека Западен Балкан и натаму е приоритет на американската надворешна политика.
– Мислам дека за сите во Западен Балкан сме подобар партнер од Русија и ќе направиме сѐ за јасно да им го кажеме тоа на лидерите и на граѓаните во регионот – рече Палмер. (РСЕ)

Загреб – Ниедна хрватска жупанија не е во состојба да оствари континуирана фискална ефикасност, а најголема причина е големиот број – вработени, покажаа емпириските истражувања во четиригодишниот период. Од 294 жупаниски ентитети, само 26 се релативно ефикасни. („Економски преглед“)

Софија – Министерството за надворешни работи на Русија прогласи за персона нон грата бугарски дипломат од Амбасадата во Москва. Бугарскиот дипломат е со ранг како и рускиот дипломат во Софија, кој беше прогласен за персона нон грата на крајот на октомври. Бугарија го прогласи за непожелна личност рускиот дипломат Владимир Русијаев. Обвинителството соопшти дека првиот секретар на руската амбасада во Софија е под истрага за шпионажа. („Дневник“)