Панорама

39

Загреб – Над 20.000 учители и професори од сите делови на Хрватска учествуваат во најмасовниот штрајк во главниот град на Хрватска, а причина за масовниот собир е одлуката на Владата да не го прифати нивното барање за зголемување на коефициентот на платата за 6,11 отсто. („Дневник“)

Белград – Активистите на граѓанската иницијатива „Не давимо Белград“ ставија синџири на влезната порта на Министерството за финанси, а целта на оваа акција е да не му се дозволи на министерот Синиша Мали да дојде на своето работно место. Другите вработени непречено ги извршуваат своите обврски, а во зградата влегле од споредните влезови. („Новости“)

Прешево – Албанците од Прешевската Долина бараат реализација на референдумот од 22 март 1992 година за обединување со Република Косово, а ова го изјави Рагми Мустафа, претседател на Демократската партија на Албанците во Прешево и поранешен градоначалник на Прешево, за тиранската телевизија. (Ора њуз)