Панорама

43

Тирана – Уривањето објекти каде што е планирана изградба на кружен тек во Тирана, вчера изутрина предизвика судири меѓу жителите, кои се противат на ова акција, и албанската полиција, која употребила солзавец за да ја растури толпата. Во судирите се повредени 12 лица, од кои пет полицајци и седум жители. („Топ чанел“)

Загреб – Владата на Хрватска од следната година ќе воведе детски картички со кои родителите ќе можат да користат разни попусти. Право на картичката ќе имаат сите родители без разлика на платата или бројот на децата, а со неа ќе можат да добиваат поевтини билети за националните паркови, музеи, театри и за користење на железничкиот превоз. („Јутарњи“)

Крагуевац – Социјално-економскиот совет на Крагуевац поведе иницијатива за забрана за работа во недела во трговската дејност, освен за аптеките и бензинските станици. Од овој совет посочуваат дека работниците во трговијата имаат само два слободни дена во еден месец. (РТС)

Приштина – Реџеп Селими, кој за време на војната 1998-1999 година бил ангажиран во Генералштабот на ОВК, вчера соопшти дека обвинителите го повикале во Хаг, во својство на осомничен. Селими е пратеник на партијата Самоопределување, која жестоко се противеше на донесувањето на законот за формирање на Специјализираното обвинителство. („Коха“)


Бисер балкански

Потстрижување за добредојде

– Убаво е што добив потстрижување. Како мигрант, тешко ми е да најдам некој да ме потстрижи. Никој не сака да нѐ потстрижи. Кога ќе влеземе во салоните и кога ќе видат дека сме мигранти, веднаш ни велат не – Хасан Булед од Мароко, по втората доброволна акција на фризерите од Брчко, кои допатуваа во центрите за сместување во Тузла, каде што никој од тамошните бербери не сакал да ги потстрижува мигрантите.