Панорама

61

Подгорица – Црна Гора не е заинтересирана за мал шенген, единствен економски простор во кој меѓу земјите од Западен Балкан би се одвивал непречен проток на луѓе и стока без задржување на границите, објави босанскиот портал „Капитал“, кој наведува дека оваа идеја со години ја заговара српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој заедно со премиерите на Македонија и на Албанија минатиот месец во Нови Сад потпиша иницијатива за воспоставување таква зона. („Вијести“)

Атина – По покана од грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, претседателот на Народна Република Кина, Си Џинпинг, од 10 до 12 ноември 2019 г. ќе оствари официјална посета на Грција. (МИА)

Загреб – Хвар е најдобриот европски остров, а хотелот „Амфора“ е прогласен за едно од најдобрите одморалишта во Европа оваа година, според резултатите од гласањето на читателите на водечкиот светски туристички магазин „Конде наст травелер“.