ПАНОРАМА

30

Белград – Групата за слобода на медиумите организираше протест пред зградата на српската влада под мотото „Новинари против фантоми“, поради притисок врз новинарите во телевизијата Н1, а непосреден повод за протестот беше завчерашниот настан кога две маскирани лица внесоа околу 500 летоци во дворот на телевизијата, на кои пишуваше „Република Србија – збогум. Добре дојдовте во Луксембург“.

Атина – Во Грција од почетокот на годината до 13 октомври 2019 г. пристигнале 50.720 бегалци и мигранти, од кои 39.775 по морски пат, покажуваат податоците од УНХЦР- Грција. Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис вели дека зголемениот мигрантски бран од Турција ја става Грција под сè поголем притисок. (МИА)

Приштина – За лидерот на Самоопределување и кандидат за премиер на Косово, Албин Курти, Заедницата на српските општини е „мртва буква на хартија“ и оваа идеја не може да се оствари затоа што е спротивна на Уставот на Косово и препорача косовските Срби своите права да ги остварат како рамноправни граѓани низ институциите во Приштина. (РТС)