ПАНОРАМА

58

Тирана – Го направивме тоа што го бараа. Дури и ако Европската Унија треба да исчезне следниот ден, ние ќе го сториме истото, бидејќи станува збор за градење функционална демократија и владеење на правото во нашата земја – изјави албанскиот премиер Еди Рама, по одбивањето на барањето за почеток на преговори со ЕУ. („Фактор“)

Приштина – Албин Курти, лидерот на движењето Самоопределување, кое освои најмногу гласови на изборите на Косово, кажа дека преговорите со Белград треба да подразбираат три принципи: да нема договор без дијалог, да нема дијалог со мапи околу територии и околу мапите да се погрижат експерти за демаркација на границата, а не политичарите. (НИН)

Подгорица – Црна Гора се најде на 20-то место на топ-листата туристички дестинации што треба да се посетат наредната 2020 година, пишува списанието „Форбс“, кое им ја препорачува оваа земја на оние активни патници што претпочитаат планинарење и авантури, но и на парови што сакаат поголема приватност и поопуштена атмосфера. Посебно се укажува на Котор, кој „не смее да се пропушти“ поради природните убавини, црквите, музеите. („Нетпрес“)