Панорама / „Смртоносно“ кафе

228

Софија – Бугарскиот претседател Румен Радев ги одложи парламентарните избори и повика на промена на процедурите за гласање. Во врска со измените во постапката за гласање, Радев ги повика на консултации претставниците на партијата Волја. Лидерот на партијата Веселин Марешки смета дека вакви консултации не можат да се вршат два месеца пред изборите. (ТВ Нова)

Атина – Услугата „клик ин шоп“, односно посета на продавница по претходно закажан и одреден термин, е една од можностите што веројатно ќе се воведат во Грција, а ќе се однесуваат на продавниците за облека и обувки и на златарниците, кои поради карантинот и понатаму се затворени. („Независен“)

Љубљана – Владејачката Словенечка демократска партија (СДС) продолжува да води на политичкиот терен во последната анкета нарачана од весникот „Дело“, СДС има поддршка од 13,7 отсто, што е за 3,2 процентни поени помалку од декември. Опозициската Левица се искачи на второто место меѓу партиите, и покрај тоа што освои само 0,2 поени повеќе и сега има 9,6 проценти, бидејќи Листата Марјан Шарец загуби 2,6 поени и има 7,5 отсто поддршка и падна од второто на четвртото место. Социјалдемократите (СД) се трети со 8,5 отсто. („Дело“)


Бисер балкански

„Смртоносно“ кафе
– Поразителен е фактот дека во Србија починаа толку лекари. Повеќе од 70 доктори ја изгубија борбата со коронавирусот. Не е за верување тоа што се случува. Во Словенија не почина ниеден лекар, а во Хрватска има еден смртен случај. Ова е поради два сегмента. Првиот е организацијата на здравствениот систем во текот на епидемијата, а вториот е слабата заштита на здравствените работници. Србија може да се удира во гради дека е најдобра држава во регионот и во Европа, но тоа е статистика. Секако, претседателот Вучиќ ќе ги користи оние бројки што му одговараат, но не и другите. Но уште поважно е што веќе никој не верува во официјалните бројки што се соопштуваат од Кризниот штаб – вели Ненад Кулачин во коментарот објавен на Ал џезира, како реакција на ставот на првите луѓе во тимот за справување со пандемијата, дека „лекарите се заразуваат за време на паузите за кафе“.