Панорама

56

Белград – Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека на состанокот со специјалниот пратеник на ЕУ, Мирослав Лајчак, ја изразил целосната посветеност на Белград за продолжување на дијалогот со Приштина, но исто така инсистирал на целосна имплементација на договорот од Брисел од 2013 година и формирање на Заедницата на српски општини. Вучиќ најави дека делегациите од Белград ќе одат во Брисел да го продолжат дијалогот „и на техничко и на највисоко ниво“.

Подгорица – Новата црногорска влада ќе вклучува експерти што се помалку познати во јавноста и кои ги граделе своите кариери во светски познати институции, изјави Дритан Абазовиќ, водачот на една од трите коалиции што го формирале постизборниот сојуз. Тој верува дека Владата, според него, ќе биде првата демократска откако во Црна Гора постои повеќепартискиот систем, предводен од Здравко Кривокапиќ, што ќе се формира најдоцна за некоја недела.