Панорама / Чекор назад за Косово!

175

Белград – Во првите две недели од почетокот на наставата во основните и во средните училишта во Србија, вкупно 52 ученици и 20 вработени биле заразени со коронавирус, соопшти министерот за образование Младен Шарчевиќ.
Во основните училишта биле заразени седум наставници. Шарчевиќ додава дека станува збор за спорадични случаи, имајќи предвид дека има околу 850.000 ученици во Србија. („Новости“)

Љубљана – Во Словенија во последните 24 часа се регистрирани најголем број заразени со коронавирусот – 123, од вкупно 3.123 тестирања. Во болниците се наоѓаат 61 пациент. На интензивна нега се лекуваат 11 лица. Во Словенија од почекот на пандемијата се заразени вкупно 3.945 лица, а починаа 135. Последниот смртен случај е регистриран пред две недели. („Локално“)

Атина – Грчката полиција уапсила петмина мигранти осомничени дека го подметнале минатонеделниот пожар, во кој е уништен најголемиот камп Морија на островот Лезбос. Сите уапсени мигранти се државјани на Авганистан, а меѓу нив се и двајца малолетници. Осомничените се откриени врз основа на снимка од надзорните камери и изјава на сведоци. („Катимерини“)


Бисер балкански

Чекор назад за Косово!

– Секое повторно отворање на прашањето за заедниците на српските општини во Брисел би било чекор назад за Приштина. Новите разговори за СЗО се агенда на Србија и постои опасност да се создаде Република Српска на Косово. Никој нема право да преговара, а уште помалку да постигне некаков договор за ова прашање. Повторното отворање на темата за СЗО во Брисел е застој за Косово. Прашањето за СЗО е решено со спогодбата од 2013 година, а за тоа свое мислење даде и Уставниот суд, а денешниот состанок е опасен за државата Косово – изјави Хашим Тачи, косовскиот претседател, за текот на обновените преговори меѓу Србија и Брисел, кои се одвиваат со посредство на Брисел.