Панорама

53

Загреб – Националниот штаб за цивилна заштита ја продолжи одлуката за привремена забрана за преминување на границите на Хрватска, што значи дека постојниот режим, воведен по „заклучувањето“ кон средината на јуни, е продолжен до 30 септември. Ограничениот режим на преминување на хрватските граници главно се однесува на државјани на трети земји, додека граѓаните на Европската Унија и земјите од шенген-зоната имаат слободен премин.
Неколку категории странски државјани, односно лица што немаат државјанство на Европската Унија, може да ја преминат границата, а статусот и условите можат да ги проверат на веб-страницата на Министерството за внатрешни работи. („Индекс“)

Атина – Германската канцеларка Ангела Меркел и министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер објавија дека планираат да прифатат околу 1.500 бегалци од грчки острови, објавија германските медиуми. Станува збор за повеќе семејства со деца. Повеќе од 12.000 луѓе, претежно бегалци од Авганистан, Африка и од Сирија, останаа без покрив над главата и без пристап до храна и вода откако минатата среда избувна пожар низ преполниот бегалски камп на грчкиот остров Лезбос. („Ројтерс“)

Подгорица – Неодамнешните парламентарни и локални избори го потврдија напредокот во демократскиот развој на црногорското општество и покажаа дека Црна Гора го разбира процесот на демократија, изјави претседателот Мило Ѓукановиќ. (РТЦГ)