Панорама / Најдобри со нула отсто раст!

100

Софија – Група демонстранти прексиноќа повторно поставија шатори и го блокираа сообраќајот најмалку на три места во главниот град на Бугарија. Главната инспекторка Красимира Стојадинова изјави дека полицијата ќе продолжи да се обидува да ги убеди демонстрантите да ги отстранат блокадите. („Нетпрес“)

Белград – Групата „Демократија4Србија“ организира глобален протест на дијаспората за демократија, слобода, човекови права и човечки животи во Србија. Протестите се одржуваат во Амстердам, Брисел, Берлин, Бостон, Цирих, Хамбург, Хелсинки, Лондон, Њујорк, Осло, Париз, Прага и во Ванкувер. („Нова.рс“)

Тирана – Лидерот на најголемата албанска опозициска сила Демократската партија, Љуљзим Баша, го обвини премиерот Еди Рама дека поради непреземените мерки за справување со последиците од пандемијата на ковид-19 го довел албанскиот туризам пред колапс. Тој уште наведува дека туризмот е најпогодениот сектор од кризата и пандемијата, поради што основната егзистенција ќе ја загубат стотици илјади работници. („Коха“)


Бисер балкански

Најдобри со нула отсто раст!

– Тоа е заглупување на народот и кога некој би ги прашал сериозно претседателот на државата и некои од економистите што е суштината на БДП, нема да знаат да ви објаснат, ни тоа каков е тој раст од нула или од минус три отсто. Дополнителна забуна е споредувањето на кварталите и се вели дека меѓусезонскиот раст е 1,5, но ние очекувавме 6,7, а ќе биде 3,2 отсто. Тоа е сосема нејасно. Суштината на оцената е дали некоја економија се „лади“ или се „загрева“, дали реално се произведуваат повеќе или помалку добра и услуги.

Политичарите забораваат да кaжат дека кога се задолжувате од две милијарди, сте зеле туѓа акумулација и сте ги ставиле во домашната потрошувачка. Сега не се зема параметарот за задолженост, а побарувачката што се финансира од кредити покажува дека имате економски раст. А всушност немате – рече професорот Божо Драшковиќ, пензиониран соработник од Институтот за општествени науки, за политичките оцени дека Србија годината ќе ја заврши со раст од нула отсто, со што ќе бидат најдобри во Европа, во услови на пандемијата на коронавирусот.