Панорама

28

Белград – Српското собрание вчера го изгласа договорот меѓу владите на Србија и на Северна Македонија за заемно признавање квалификувани услуги од доверба. Министерот за финансии Синиша Мали во дебатата оцени дека одобрувањето на договорот треба да има влијание врз економските субјекти на двете земји, кои во меѓусебната деловна соработка ќе се префрлат на електронска трговија, што е побрзо и поефикасно од класичното. (РТС)

Бања Лука – Поранешниот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина Волфганг Петрич, повикувајќи се на извори од Брисел, најави дека Европската Унија сериозно размислува да се забрани визата на Милорад Додик, за влез и за излез во ЕУ. Брисел се подготвува за нови санкции против Милорад Додик, рече Петрич. (Б92)

Тирана – Премиерот Еди Рама од самитот на Европската банка за обнова и развој зборуваше и за мини-шенген и додаде дека тоа се прави не само за мирот туку и за иднината на балканските народи.
– Треба да кажам дека не се согласувам со тој што го измисли терминот „мини-шенген“, кој фактички не е мини! Ние просечно сме највисоките во регионот. Тоа е регионално, заеднички регионален простор, кој се реферира на шенгенот, за да се разбере дека се работи за четирите слободи на Европа – изјави Рама. („Алсат“)


Бисер балкански

Излегувам, не излегувам- Немаме план. Оваа приказна за отцепувањето е можност што не ја исклучуваме, но ние го претпочитаме Уставот и тоа што го пишува во него. Ние можеме да ја прифатиме БиХ со нејзиниот устав, а тогаш ќе ни дојдат странците, кои овде со години управуваат и велат „тоа не вреди“, дека мора да направиме договори, а тие се надвор од Уставот. Убеден сум дека ќе се покаже дека БиХ не може да егзистира, тоа не е моја омраза или каприц, тоа е моја процена – рече Милорад Додик, српскиот претставник во Претседателството на ФБиХ, кој демантира дека српските претставници ја блокираат работата на институциите на БиХ, парламентот на БиХ и на Советот на министрите на БиХ.