Панорама

94

Тирана – Вршителот на должноста албански министер за надворешни работи и за европски прашања Гент Цакај рече дека ќе ѝ предложи на Приштина да почнат кампања за признавање косовска држава преку заедничко лобирање и за отворање заеднички дипломатски претставништва. Тој посочи дека ќе се потпишат два договори на претстојната седница на владите во Приштина и албанската влада во Скадар. (Б92)

Атина – Грчката делегација во средата ја напушти седницата на Парламентарното собрание на НАТО во Брисел, во знак на протест на одлуката на вршителот на должноста претседател, кој го прекинал нивниот говор. Инцидентот се случи кога петчлената грчка делегација, која ја сочинуваат пратеници од најголемите политички партии во земјата, го отвори прашањето за спорниот договор за Турција и Либија за поморски граници и прекршувањата на меѓународното право и грчките суверени права на Турција. („Екатемерини“)

Приштина – Новоизбраниот косовски премиер Албин Курти вели дека проектот за размена на територии и промена на границите на косовската територија во рамките на дијалогот со Белград пропаднал, но дека таа идеја не е мртва. Курти предупредува дека поради тоа Приштина мора да биде внимателна затоа што таквите одлуки, како што вели, би ја отвориле Пандорината кутија. Курти тврди дека не е против дијалогот со Белград, но, според него, тој процес би морал да се заснова на јасни принципи, кои се обврзувачки за двете страни. („Зидојче цајтунг“)


Бисер балкански

Казна за химна!

– Химната на Република Хрватска беше изведена на потсмешлив и омаловажувачки начин. Јосипа Лисац на овој начин направи казнено дело повреда на угледот на Република Хрватска, така што користеше потсмешливи артикулации и тоналитети. Тоа е можеби за некои перформанси, но не и за инаугурација. Химната не се изведува така. Не сакам медиумско внимание. Ова го правам како правник и граѓанин, сметам дека ова е обично потсмевање и не прилега на било кој настан, а не за инаугурација за избраниот хрватски претседател – изјави Бошко Жупановиќ, правник, кој поднесе казнена пријава против познатата хрватска пејачка Јосипа Лисац, за начинот на изведувањето на химната, што предизвика негативни коментари на социјалните мрежи и во медиумите во Хрватска.