Панорама

30

Загреб – Зоран Милановиќ и официјално е нов претседател на Хрватска. Милановиќ ја прочита заклетвата на вчерашната мала церемонија на Пантовчак, во присуство на своето семејство, на сега веќе поранешната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, премиерот Пленковиќ и претседателот на Собранието.
Во говорот Милановиќ кажа дека за време на својот мандат ќе работи на обединување на цела Хрватска и дека ќе гради добри односи пред сѐ со соседните држави. Тој се осврна и на потребата за унапредувањето на демократијата. („Хина“)

Тирана – Албанскиот министер Арбен Ахметај, одреден во Владата за реконструкција на земјата по катастрофалниот земјотрес, по донаторската конференција одржана во Брисел објасни дека од вкупно 1,15 милијарда евра, само 400 милиони се донации, додека околу 700 милиони евра се мали кредити со камата од 1 до 2 отсто. Министерот Ахметај ја изнесе оцената дека Владата на Еди Рама е многу задоволна од висината на добиените донации за реконструкција на последиците од катастрофалниот земјотрес во Албанија, кој се случи на 26 ноември минатата година. („Либертас“)