Панорама

54

Подгорица – Црна Гора е земја што е во состојба да одговори на тековните проблеми во најдобра демократска практика, почитувајќи го она што е во согласност со законодавството на ЕУ, рече црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ. Тој додаде дека Црна Гора преку своето искуство покажала дека е во можност да го стори тоа, наведувајќи ги 1990-тите години, кога можеше да им се спротивстави на националните и верските конфликти. (РТЦГ)

Приштина – Новите власти во Приштина вчера, со свечена седница на Собранието, ја прославија 12-годишнината од независноста на Косово. Во пленарната сала на косовското собрание, покрај знамето на Косово, се најде и она на УЧК. Пратеникот Ганимете Муслиу го поставил знамето на УЧК во салата пред седницата. ( „Коха“)

Белград – Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, допатува вчера во Белград, каде што беше пречекан од српскиот министер за одбрана Александар Вулин. Ова е прва официјална посета на некоја земја, откако Шојгу во јануари повторно беше избран за министер за одбрана на Русија. („Танјуг“)


Бисер балкански

Едноставно решение!

– Прашањето за членство на Косово во Интерпол и во УНЕСКО може да се реши за еден час – доколку се согласи Србија. Мислам дека треба да го стори тоа. Кога е за Обединетите нации, тоа е многу потешко прашање, затоа што тоа не зависи од Белград. Москва ќе се обиде скапо да го наплати тоа од Вашингтон, но тој не сака да го направи тоа. Премиерот Курти јасно побара односите со Србија да се одвиваат според реципроцитет. Не сум сигурен дека Белград е подготвен за тоа, иако мислам дека Курти е во право. Не очекувам некои значајни исчекори во односите на двете страни до завршувањето на парламентарните избори во Србија – рече Даниел Сервер, професор на вашингтонскиот универзитет „Џонс Хопкинс“, кој за „Гласот на Америка“ изјави дека нема многу земји што постигнале повеќе во текот на дванаесет години од постоењето.