Панорама / Рибарски протест

191

Софија – Пратениците, членовите на Советот на министри, членовите на политичките кабинети и шефовите на државните агенции нема да добиваат надомест од 1 април до крајот на вонредната состојба, одлучи вчера бугарскиот парламентот. Предлогот дојде од Красимир Ципов, од владејачката ГЕРБ, откако заврши расправата за измените во Законот за вонредни мерки. („24 часа“)

Тирана – Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика граѓаните да не излегуваат во текот на денот во урбаните центри без дозвола. Во објава на Фејсбук, Рама пишува дека повеќето од граѓаните се коректни и најавува можни нови поостри казнени мерки за оние што не ги почитуваат мерките за спречување на ширењето на коронавирусот. („Алсат“)

Љубљана – Словенечката влада реши повторно да се задолжи за да може да им помогне на граѓаните и економијата погодени од епидемијата на коронавирусот. Владата им даде налог на банките да најдат пари за брзо задолжување. Словенечкиот министер за финансии Андреј Ширцељ најави дека ќе се направат и законски измени, кои ќе ѝ дозволат на земјата поголемо задолжување, а кажа дека се подготвува и ребаланс на буџетот. Словенија во јануари веќе се задолжи за една и пол милијарда евра. Дел од парите за финансиска поддршка на економијата, што беше дел од т.н. мегакорона-закон. (МИА)


Бисер балкански

Рибарски протест

– Како приватник, ме излудуваат целосната неодговорност и неспособност на луѓето што ние ги плаќаме, а тие се однесуваат кон нас како сите ние да сме во функција за нив и нивните позиции. Секој ден ја префрлаат одговорноста едни на други, цивилната заштита на инспекцијата, тие на пазарите, и така во круг. Жално. Откако добивме ветување од раководството на пазарот дека рибарницата ќе биде отворена во вторник, ние нарачавме риба. Вчера се појави некој инспектор со толкување дека не можеме да работиме на нашите места. Тоа е лицемерство. Направивме сѐ што е потребно, ставивме плексиглас и откако ги поминавме сите епидемиолози и проверки, наеднаш проблемите се боксовите – вели Татјана Млинар за протестот на рибарите во Загреб, кои стравуваат за сопствената егзистенција, поради неорганизираноста на надлежните органи во Хрватска за време на епидемијата.