Панорама / Пратенички кодексна облека

78

Брисел – Портпаролот на ЕУ, Питер Стано, вели дека Приштина е должна да го спроведе договорот за Унијата на српски општини, на кој се обврза „со добра волја“ во 2013 година, со потпишување на договорот од Брисел.
– Договорот од Брисел е потпишан од сите учесници во процесот и тој е валиден. Покрај тоа, тој е ратификуван од косовскиот парламент. Косово со тоа презеде меѓународна обврска за спроведување на овој договор. На нив е да кажат како ќе го спроведат – рече Стано. („Танјуг“)

Атина – Грчката полиција почна да ги преместува мигрантите на островот Лезбос во шаторите на новиот камп повеќе од една недела откако пожарот го уништи најголемиот камп за мигранти „Морија“, каде што беа досега.
Целта на операцијата, во која се вклучени и 70 полицајци, е да се заштити јавното здравје, соопшти полицијата. („Ројтерс“)

Белград – Од денеска, од 18 часот, во Србија стапува во сила нова одлука – сите државјани на Србија што ќе се вратат од земји каде што има голем број заболени од коронавирус мора да се пријават во здравствениот систем. Епидемиологот и член на Кризниот штаб, Предраг Кон, рекол дека граѓаните што се враќаат во земјата имаат обврска електронски да се пријават во здравствениот систем, затоа што не би било добро сите да се упатат во ковид-амбулантите.


Бисер балкански

Пратенички кодексна облека

– На некои им пречи тоа што јас наводно го кршам кодексот на облека, а мене ми пречи тоа што се кршат работничките права, тоа што владејачката партија ги намалува даноците за најбогатите, тоа што на премиерот му се чини дека е подобро од пред короната… – изјави Катерина Пеовиќ, хрватска пратеничка од партијата Работнички фронт, која се огласи со реакција на „Твитер“, по големиот број коментари од граѓаните на социјалните мрежи за тоа дека не ги почитувала правилата за облекување додека е во Собранието на Хрватска.
Деловниот кодекс на облека при извршување на пратеничката функција предвидува должината на сукњата или фустанот да биде пет сантиметри под колената или до колената. Медиумите во Хрватска потсетија на повеќе случаи кога пратениците доаѓаа на работа со спортски обувки, фармерки и други модни комбинации.