Панорама / Правда или живот?

553

Белград – Епископот ваљевски г. Милутин од Српската православна црква почина на 79-годишна возраст како последица на коронавирусот. Милутин бил позитивен на ковид-19 заедно со уште двајца свештеници од неговата епархија. Од неговиот кабинет соопштија дека никаква делегација, свештеници или верници не ја посетиле епархијата во последно време, а самиот епископ не патувал во ниту едно кризно подрачје погодено од коронавирусот. („Новости“)

Љубљана – На граѓаните на Словенија од вчера им е забрането да ги напуштаат општините каде што живеат. Ова го одлучи Владата откако за време на викендот Словенците ги наполнија туристичките места не почитувајќи ги препораките да се остане дома. Од оваа мерка ќе бидат ослободени граѓаните што не живеат во општината каде што работат и ако мораат поради грижа за стари или снеможени лице да патуваат надвор од својата општина. („Дело“)

Софија – Поради глобалната криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, Бугарија ќе ја одложи подготвителната фаза за влегување во еврозоната до 2021 година, изјави гувернерот на централната банка Димитар Радев. Бугарија очекуваше во јули годинава да влезе во двегодишниот Европски курсов механизам 2 (EРM-2) и во европската банкарска унија. (Нова ТВ)


Бисер балкански

Правда или живот?

– Сега сакате правда или живот? Не знам што би било поправедно, да кажеме – ве молам излезете, затоа што сте во право, а кога ќе умрат сакате ли вие со барањето на правда да бидете во право. Поради нив мораме сите да се скриеме, затоа што ова не е нешто каде што можете да оценувате дали некој добро владее, туку мора да се заштитиме од луѓето што не ги почитуваат мерките. Не постои човек што не ги сака кучињата, но има ли нешто поважно од животот на луѓето – рече Александар Вучиќ, претседателот на Србија, на телевизиско интервју на ТВ Прва, кој објасни дека одлуката за повлекување на дозволата за шетање на домашните миленичиња, во период од 20 до 21 часот, е донесена за да се заштитат луѓето, иако е тоа неправедно кон поголемиот дел од нив што ги почитуваат препораките за полициски час.