Панорама / Ништо без браќата Руси

225

Атина – Грција ја продолжи забраната за патување државјани на трети земји до 12 октомври. Ограничувањата на копнените граници се воведени од превентивни причини, за да се заштити јавното здравје од ширењето на ковид-19 во Грција. Одлуката предвидува привремено ограничување на влез во земјата за сите државјани на трети земји од кое било место на влез и на кој било начин, вклучувајќи и воздушни, поморски, железнички и патни врски. Одлуката не се однесува на граѓаните на ЕУ и шенгенскиот договор. (МИА)

Сараево – Во судир на мигранти во населбата Жегар во Бихаќ се убиени две лица, а повредени се 18, објави Министерството за внатрешни работи на Унско-санскиот кантон.Една локална жителка во полициската станица во Бихаќ пријавила дека имало конфликт меѓу мигранти. Полицијата потврди дека се судриле Авганистанци и Пакистанци. (Н2)

Приштина – Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение до Основниот суд во Приштина против обвинетиот со иницијали И.Х. поради кривично дело „поттикнување за извршување терористички дела“, од членот 134 од ЦСЦК. Обвинетата преку социјалната мрежа Фејсбук намерно објавувала повици со заканувачка содржина, поттикнувајќи одмазда по убиството од американската армија на Касем Сулејмани, генерал и водач на Иранската револуционерна гарда, и генерал Абу Мехди Мухендиси, се вели во соопштението на СО на Косово. („Макфакс“)


Бисер балкански

Ништо без браќата Руси

– Мислам дека ова ќе биде наша гордост, но и на целиот христијански свет, особено кога ќе бидат поставени мозаиците што се работени во стилот на византиската уметност. Секако, овде нашите браќа Руси имаат големи заслуги, бидејќи да не ја прифатеа оваа работа, ние немаше да го завршиме за 100 години – рече патријархот Иринеј за довршувањето на изградбата на храмот „Свети Сава“ во Белград.
Според планот, до крајот на октомври треба да бидат завршени сите работи за внатрешното уредување на храмот, кој, според Иринеј, ќе биде „чудо на архитектурата и градежништвото“ и ќе биде иден духовен и културен центар во Белград.