Панорама / Направено од САД

62

Белград – Од денеска во Белград е задолжително носење заштитни маски во сите затворени простории. Претходниот ден во Србија се заразија 254 луѓе, а тројца починаа. Новата одлука е донесена бидејќи најголем број на новоинфицираните се од Белград и најголем број од нив престојувале во затворен простор, каде што биле во контакт со поголем број луѓе. Маските ќе бидат задолжителни и во рестораните и кафулињата. Ново жариште е Ужице, а ситуацијата е алармантна и во Нови Пазар и во Краљево, каде што дојде до сериозно влошување на епидемиолошката ситуација. Во инфективните амбуланти почнале да се јавуваат сѐ повеќе студенти со респираторни тегоби, а досега се регистрирани 210 позитивни студенти. Според докторите, списокот на симптомите за вирусот е проширен со исип по телото, дијареаја, мачнини. („Курир“)

Љубљана – Лошото време во Француска Гвајана повторно го одложи лансирањето на првиот словенечки сателит во вселената. Во последен момент беше откажано лансирањето на ракетата носач, која практично во орбитата требаше да ги однесе сателитите наречени Трисат и Немо ХД. Засега не се знае кога ќе биде следниот обид за лансирање на ракетата Вега од космодромот во Француска Гвајана. (МИА)

Тирана – Албанскиот претседател Илир Мета побара итна, сериозна, одговорна и долгорочна стратегија за справување со ковид-19.
– Потребна ни е конкретна долгорочна стратегија, а не спорадична и медиумска, за да се соочиме и да го доведеме под контрола ширењето на оваа пандемија, која сериозно ги загрозува здравјето и животот на граѓаните – напишал Мета на Фејсбук, по загрижувачкиот број на новозаразени и починати лица. („360 степени“)


Бисер балкански

Направено од САД

– Хашим Тачи, треба да даде оставка доколку обвинението против него се потврди во Специјалниот суд. Обвинението против Тачи доведе до шпекулации дека Европејците сега го објавиле затоа што не се согласувале со американската иницијатива за дијалог, но сметам дека Американците го сториле тоа сами откако заклучиле дека средбата закажана за 27 јуни во Вашингтон, веројатно нема да донесе посакувано решение – напиша американскиот експерт за Балканот, Даниел Сервер, во текст објавен на веб-страницата „Писфер.нет“.
Тој верува дека по новите избори Самоопределување би имало уште посилна застапеност во парламентот, но тој посочува дека новите избори не ѝ одговараат на Приштина во овој многу важен момент.