Панорама / Меѓу мечот и крстот!

121

Загреб – Поголемиот дел од Хрватска го зафати студен бран, проследен со дожд и силен ветер. Обилен снег паѓаше во Лика и во Горски Котар. Поради снегот што паѓа во големи количества и зимските услови, на некои автопатишта е воведена забрана за сообраќај за камиони со приколки и полуприколки, додека зимската опрема е задолжителна за другите возила. Метеоролозите најавија дека снежниот бран се спушта на југот од Балканот. („Индекс.хр“)

Атина – Од анализирани 235 позитивни примероци на ковид-19, потврдени во периодот од 11 ноември 2020 година до 18 јануари во Грција, 33 се однесуваат на новиот вид коронавирус. („Независен“)

Белград – Министерот за финансии Синиша Мали учествуваше на онлајн состанокот на националните координатори за соработка во механизмот Кина-ЦИЕЗ. Мали соопшти дека српскиот претседател Александар Вучиќ ја прифатил поканата на претседателот на Кина, Си Динпинг, да учествува на деветтиот самит Кина-ЦИЕЗ, кој ќе биде одржан во видеоформат на 9 февруари годинава. (РТВ)


Бисер балкански

Меѓу мечот и крстот!

– Стравувам дека за повеќето од нас големиот жупан Стефан Немања е само еден од низата магливи личности од националната историја, за кого недоволно знаеме ниту сакаме своите скудни знаења да ги збогатиме и објективизираме. Од друга страна, тоа што за нешто не знаеме баш ништо или, во најдобра случај, едвај по нешто, никако не нѐ спречува бесконечно да се натпреваруваме во „спортската“ дисциплина во која сме во самиот врв. Во прашање е нашата насушна потреба баш за сѐ да имаме мислење и, како такво, уште поистрајно да го заговараме доколку забележиме дека нашиот соговорник не се согласува со тоа – вели историчарот Дејан Ристиќ во изјава за „Политика“, за поставувањето на споменикот на Стефан Немања во Белград.
Поставувањето на споменикот во центарот на градот, во комплексот „Белград на вода“, е предмет на јавна дебата во Србија за неговата уметничка, историска и економска вредност. Цената за изработка на споменикот е непозната до 2023 година! Коментарите на граѓаните се однесуваа и на тоа зошто Немања во рацете држи меч наместо првичната идеја да носи крст!?