Панорама / Мала Калифорнија

171

Тирана – Во Абу Даби е потпишан договор со кој ќе се финансира изградба на 2.000 стана во подрачјето на Драч, кое беше најпогодено од катастрофалниот земјотрес што се случи токму пред една година, најави албанскиот премиер Еди Рама. Тој објави фотографии од средбата со министерот за надворешни работи на ОАЕ, шеикот Абдула бин Зајед ал Нахјан, додавајќи дека во фокусот на дискусиите била и економската соработка. („Алсат“)

Белград – Пратеникот на Обединетата долина СДА Санџак, Шаип Камбери, истакна српско и албанско знаменце покрај својот микрофон за време на седница во српското собрание. Со овој гест Камбери предизвика незадоволство кај присутните пратеници. Тој рече дека ги бара истите права со Србите во Грачаница, кои можат да постават српско знаме, а Албанците да можат да го користат албанското знаме во Прешево и во Бујановац. („Новости“)

Сараево – Јосип Грубеша, државниот министер за правда на БиХ, рече дека ќе побара од Србија да го испорача уапсениот Мароканец, осомничен за убиството на Јасмин Беровиќ пред осум дена. Грубеша изјави дека сега се чека документацијата на Обвинителството КС, со оглед на тоа дека злосторството е извршено на територијата на БиХ. („Дневни аваз“)


Бисер балкански

Мала Калифорнија

– Правата на Хрватите во БиХ треба да се заштитат затоа што тие се најмалобројниот народ, но нема причина во средините во кои се мнозинство и во кои суверено владее ХДЗ БиХ состојбата да биде значително подобра од сега. Во Херцеговско-неретванскиот или Ливањскиот кантон, каде што се мнозинство, можат да направат мала Калифорнија. Таму никој не им пречи, таму нема многу Бошњаци, го нема Додик, нема никој. Таму можат да реализираат сѐ – кажа Валентин Инцко, претставник на меѓународната заедница за Бих, во интервју за Радио Слободна Европа.