Панорама / Доста со корупцијата

39

Атина – Бројот на жртви од поплавите на грчкиот остров Евија се зголеми на седум лица, откако беа извлечени безживотни тела на уште две лица, а едно се води за исчезнато. Противпожарната служба на Грција интервенирала во спасување 97 лица, од кои 43 биле спасени со три хеликоптери. (МИА)

Загреб – Според Централното биро за статистика на Хрватска, во 2019 година 37.726 луѓе емигрирале во таа земја, од кои 31,9 процент или 12.040 лица се од Босна и Херцеговина. По БиХ, најмногу се доселиле од Србија, односно 4.079 лица. („Кликс“)

Сараево – Најмалку 32.000 луѓе во Босна и Херцеговина останале без работа од почетокот на епидемијата на коронавирусот, а работодавците најавуваат дека слична судбина ги чека уште десетици илјади повеќе, кои сè уште имаат работа. Според податоците на Агенцијата за статистика на БиХ, повеќе од 23 илјади работници биле отпуштени во Федерацијата БиХ од средината на март до 20 јули, додека повеќе од девет илјади ги загубиле своите работни места во Република Српска.  („Дневник.ба“)


Бисер балкански

Доста со корупцијата

– Многумина овде не се среќни, за моето доаѓање овде. Посветеноста кон целите од високата корупција е од пресудно значање за враќање на довербата од народот. Мораме да се посветиме и на користење на административните закони и процедури за спречување и за отстранување на корупцијата. Тоа значи и отпуштање на корумпираните службеници, наместо да се фокусираме само на кривично гонење. Мораме да се бориме против корупцијата на сите фронтови, ако сакаме да прогласиме победа. Граѓаните се измамени и веруваат дека ништо не може да се смени. Со тоа е доста – рече Ерик Ларсон, американски дипломат и експерт за борба против корупцијата, кој во својот прв настап по пристигнувањето во Босна и Херцеговина рече дека корумпираноста во сите сегменти на општеството е еден од најголемите генератори на фрустрации кај населението.