Панорама / Данок на хонорарците

684

Атина – Воведувањето едномесечен карантин Грција ја чини околу три милијарди евра, а можеби и повеќе, рече портпаролот на грчката влада Христос Тарандилис, пред да бидат одобрени одлуките за одново отворање на малопродажбата во земјата. Грција повеќе од два месеца е во карантин, со исклучок на периодот пред и за време на празниците, кога на две седмици беа отворени фризерските салони, берберниците, книжарниците. („Независен“)

Љубљана – Словенечката влада одобри одредени средства што според законот е должна да ѝ ги исплаќа на националната новинска агенција СТА, по многубројните интервенции и изразувањето поддршка од земјата и светот до новинарите на агенцијата, за да можат да продолжат да работат. Словенечката новинска агенција се финансира во просек годишно со околу два милиона евра од државни фондови, врз основа на договори, додека другата половина од средствата за работа ги обезбедува преку активности на пазарот. („Индекс“)


Бисер балкански

Данок на хонорарците

– Има простор да се разговара за тоа од кога да се плаќа данок, а не за тоа дали да се плати данок. Можете да влегувате во собрание, да уривате институции и сајтови, нема проблем, но за тоа следува кривична одговорност. Да не се плати данокот, не може, данокот мора да се плати – рече Александар Вучиќ, претседател на Србија, за најавите за одржувањето на протестот од хонорарците, кој е закажан за денеска, пред Домот на народното собрание во Белград.
Драган Ѓилас, еден од лидерите на српската опозиција, го подржува протестот на луѓето од Србија што преку интернет работат за фирмите во светот, а како што објасни, околу 50 отсто од нив се млади и стручни кадри, кои се ангажирани во ИТ-секторот. Ѓилас посочи на нееднаквиот третман на даночните органи, за кои рече дека на некои им се простуваат милиони евра неплатен данок, додека државата од хонорарците бара да платат данок за пет години наназад.