Панорама / Во 19 век

124

Белград – Српскиот епископ Давид, епископот што го служеше опелото за Иринеј, е заразен од коронавирус. Тој е хоспитализиран. Епископот Давид бил тестиран по погребот на патријархот и наодот бил позитивен. Тој нема пневмонија, но поради симптоми на кашлица бил сместен во болница. (РТС)

Загреб – Од вчера, во Загреб почна масовно антигенско тестирање на коронавирусот, чиј наод се добива за 15 минути. Целта е да се тестираат околу 50.000 луѓе што е можно побргу, пред сè, оние граѓани што имаат клинички симптоми на ковид-19, како и оние што се во контакт со позитивни случаи, објави градската управа. („Индекс“)

Подгорица – Црна Гора е на трето место во светот според бројот на заболени од коронавирусот на милион жители, според податоците на специјализираниот сајт „Ворлдометар“. Пред Црна Гора, која според сајтот има 49.454 случаи на милион жители, се наоѓаат само Андора (80.917) и Бахреин (49.707). Во Црна Гора се активни 11.132 случаи на инфекција, додека од почетокот на годинава се регистрирани 31.062. Црна Гора е исто така на 17-то место според бројот на смртни случаи (699) на милион жители. („Вијести“)


Бисер балкански

Во 19 век

– Има многу центри на историскиот ревизионизам на Балканот. Секој на Балканот има слична приказна. И Хрватите веруваат дела Бошњаците се отцепени Хрвати, а Србите веруваат дека сите народи настанале од нив. Тоа е основата на големодржавните проекти, од кои политичарите сѐ уште не ги тргнале рацете. Бидејќи постојано можете да ветувате дека ги „ослободувате“ заблудените браќа. Тоа е размислување од 19 век, кое овде не ја изгубило силата, ни по страшните колежи во Втората светка војна и војните од 1990-тите години. Овде таквите идеи водат само на такви катастрофи – изјави Дубравка Стојановиќ, историчарка што работи во Институтот за нова историја на Србија и редовна професорка на Филозофскиот факултет во Белград.