Панорама / Вирусот е највреден во недела!

477

Љубљана – По шест недели словенечката влада од вчера го укина општото ограничување на движењето само во подрачјето на општините, а од понеделник ќе започне постепено придвижување на голем број активности што можат да се спроведат со придржување кон мерките за здравствена заштита, објави премиерот Јанез Јанша по седницата на Владата.
– Податоците од релевантните институции покажуваат дека бројот на активни заразени со новиот вирус се намалил до таков степен што можеме да излеземе со план за постепено укинување на ограничувањата во блиска иднина – рече Јанша. („Хина“)

Приштина – Градоначалникот на Приштина Шпенд Ахмети изјави дека дијалогот со Белград е прашањето што смени две последователни влади на Косово.
– Сериозноста што ја видов во настапите на САД и трката меѓу некои земји, покажуваат дека имаше притисоци. Прво рекоа дијалог, решавање на проблемот со Србија, а потоа се занимаваа со други прашања. И Харадинај и Курти не го сфатија тоа сериозно. Можеби и го видоа тоа, но не беа свесни дека би можела да падне Владата – изјави Ахмети. (Б92)

Белград – Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека е можно да се укине вонредната состојба во земјата кон крајот на следната недела и прогнозира дека Србија ќе биде меѓу најуспешните во Европа во однос на економското закрепнување од кризата. (РТС)


Вирусот е највреден во недела! 

– Имаме трагикомична состојба, едно од јавните лица на кризниот штаб вели дека е приватна работа дали е тој член на партијата ХДЗ. И тоа би било безобразно затоа што тоа го вели човек што одлучува секој ден за тоа кој смее надвор, со кого можеме да се дружиме, што да носам на носот, што да јадам… Кога не би се покажало дека тој човек е политички аматер, тој во голема мера се занимава со политика.

Значи, имаме луѓе што се занимаваат со суштинска политика, а тоа е да одлучуваат за секојдневниот живот, а не се свесни дека го прават тоа. И се водат од т.н. струка. Истата таа струка што одлучила во недела, од епидемиолошки причини, дека не е добро да се излегува надвор, затоа што вирусот посебно функционира во недела – рече Жарко Пуховски, политички аналитичар, за улогата на кризниот штаб за справување со епидемијата во Хрватска и за привремената забрана за работа во недела, освен за одделни продавници.