Панорама / Балканска културна унија

156

Белград – Српската влада усвои нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, а една од нив ќе биде угостителските објекти и оние што имаа услужни дејности да можат да работат само до 17 часот во работни денови, а за време на викенд ќе бидат затворени. Пазарите ќе работат регуларно секој работен ден, а во викендите од шест часот наутро до 15 часот. (РТС)

Тирана – Статистичката служба на ЕУ (Евростат) во последната анализа наведува дека Албанија е на последното место во Европа според трошоците издвоени за здравствениот сектор, дури и со многу голема разлика од претпоследната земја. Во 2018 година, Албанија одвоила 2,9 отсто од бруто-домашниот производ (БДП) за здравството, што подразбира дека земјата троши четвртина од европскиот просек во овој сектор. („Опсервер“)

Загреб – Првиот снег падна и во главниот град Загреб. Од Хрватски автопатишта (ХАЦ) испратија предупредување до возачите да го приспособат возењето на сложените услови на патиштата, а особено препорачуваат да не ги претекнуваат машините за чистење снег пред кои секогаш патот е неисчистен.


Бисер балкански

Балканска културна унија

– За да се остварат довербата и разбирањето, мора да се цени различноста. Културните врски и почитувањето на заедничките европски вредности ни помагаат во тоа. Оваа програма ќе го зголеми активното учество во нашите заеднички проекти и тие ќе бидат од голема корист за социјалниот и економскиот развој на регионот – изјави Маја Гојковиќ, потпретседателка на Владата на Србија и министерка за култура и информирање, на онлајн состанокот на министри, насловен „Западнобалканска платформа за образование – обука, истражување и иновации“.
Според Гојковиќ, Србија ја препознава агендата на Западен Балкан како добра шанса за поттикнување на културната соработка и размена во регионот.