Пандели Мајко не се откажува од бришење на границата меѓу Албанија и Косово

111

Албанскиот министер за дијаспора Пандели Мајко, од северниот град Кукс, за време на одбележувањето на 20-годишнината од егзодусот на Албанците од Косово, изјави дека границата меѓу Косово и Албанија продолжува да биде онаа на поранешна Југославија и оти мора напорно да се работи за укинување на граничните бариери.

– Косово и Албанија се чувствуваат подобро, но сакаме да биде уште подобро. Албанци сме и имаме две граници. Тоа е граница на поранешна Југославија. Треба да го направиме тоа за Косово и Албанија, што ќе биде многу брзо- изјави Мајко, кој беше премиер за време на косовската криза во 1999 година.

Минувајќи ја границата пеш, Мајко рече дека тоа е задоволство, по 20 години кое самото по себе зборува се што се случило, како се сеќаваме, што сè се промени, и причините зошто сме тука сите заедно.

Градоначалникот на Кукс, Башким Шеху, на чија тертиорија е преминот Морина, рече дека градот повторно по 20 години се чувствува почестен.

– На овие денови треба да се потсетуваме за добро, за обединување, за се- порача Шеху.

Во овој и соседните албански градови во 1999 година беа згрижени над еден милион бегалци Албанци од Косово.