Палмер утре во Приштина

44

Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, утре ќе ја посети Приштина, но сè уште не е познато со кои политички претставници ќе оствари средби.

Според соопштението на Амбасадата на САД во Приштина, која го најавуви неговото пристигнување, тој ќе се обрати пред претставници на граѓанските здруженија и студенти во градската библиотека во попладневните часови, а потоа ќе одговора на нивни прашања, објави приштинскиот весник „Газета eкспрес“, а пренесе агенцијата „Танјуг“.

Палмер денеска беше во Скопје, каде што оствари средби со високи владини претставници.