Островите Миконос и Санторини во карантин

63

Грција

Грчката влада објави низа карантински мерки за островите Миконос и Санторини, кои се меѓу најатрактивните туристички дестинации на Грција. На островот Миконос полицискиот час ќе трае секој ден од 20 до 8 часот идниот ден, а жителите повеќе нема да смеат да присуствуваат на свадби, туку само на погреби, и тоа само за најблиските роднини на заболените, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Исто така, на жителите на Миконос нема да им биде дозволено да ги напуштат своите домови за вежбање, индивидуално или во двојки, како во остатокот на Грција. Ќе им биде дозволено да го шетаат своето куче 15 минути, и тоа само во блокот околу својот дом. Жителите нема да можат да ги напуштат своите домови за да им помагаат на заболени од вирусот, туку оваа улога сега ќе ја преземат властите.

Невремето и силниот дожд што завчера зафатија повеќе делови од Грција предизвикаа проблеми на Халкидики и на островите Скијатос и Евија, каде што се поплавија голем дел од улиците, јави дописничката на МИА од Атина.
Невремето предизвика и материјални штети, како на патната мрежа, така и на домови и продавници на Халкидики, Скијатос и Евија.